Патување инспирирано од сапуниците

Првата сапунска серија настанала во 1950 година во бразилско-мексиканска-кубанска копродукција, а тогаш земаат голем замав благодарение на многу домови ширум планетата.

Ви претставуваме дестинации идеални за љубителите на љубовни заплети од екраните.

Сапуниците од најголемите земји во Јужна Америка се разликуваат од останатите. Имено, на реален начин се трудат да го прикажат бразилското општество и разликите меѓу богатите и сиромашните. Познато е дека бразилските сапуници по правило се најскапи. Некои од класиците на овој жанр кои потекнуваат од земјата на фудбалот се Робинката Исуара, Малхачо (се прикажува цели 18 години), Белисима…

Мексико

Marcelo Matarazzo / Wikimedia Commons

Мексико е земја која ја доживуваме како колевка на сапиниците, што донекаде е точно. Во мексиканските теленовели темата се обично љубовни заплети, кои како магија се разрешуваат пред самиот крај. Обично е присутен и изразен негативец. Најпознати се злобница, Есмералда, Прегрни ме цврсто…

Венецуела

sxc.hu

Касандра, Алондра се сапуници кои доаѓаат од земјата со најмногу победници на изборот за Мис на светот. Добар дел од сериите се извозуваат дури и во САД, а оваа земја е позната по убавите жени и нафтеното богатство. Бројката на серии кои доаѓаат од Венецуела изнесува 280.

Германија

Berlin (Beta/AP)

Да, добро прочитавте. Германија! Ниту земјата на пивото и колбасиците не издржа пред експанзијата од сапуниците. Додуша, долго време се држеше на страна, но пред девет години конечно започна со производство на свои.  “Sturm der Liebe”, “Bianca: Wege zum Gluck”, “Verliebt in Berlin” се најпознатите германски сапуници. Имаат експанзија во Франција, Италија, но и во некои други европски држави.

Филипини

JMParrone / Flickr.com

Дури ни оваа далечна азиска земја не останала покуса со сапуници. Форматот на филипинските серии се речиси исти со мексиканските, така што во центарот е повторно љубовен пар кој треба да помине низ сите неволји. Обично започнува со прикажување на минатото на главниот лик, а потоа иднината.

Aко сакате подетално да се потсетите на најпопуларните сапунски серии кои се појавија во Македонија, кликнете ТУКА.

/B92

- Реклама -