Природата е најубавата творба, која не е создадена од човекот и никогаш не престанува да не восхитува.
Има, меѓутоа, и прекрасни дестинации кои се целосно создадени од човечка рака и потсетуваат на илустрација од бајки. Да погледнеме дел од нив.
1. Замокот Нојшванштајн, Германија
Погледот кон овој неверојатен замок личи на кадар од анимација на Дизни. Снегот во зима ја прави глетката уште поубава и е една од задолжителните дестинации, ако наидете во Баварија.
Прочитај повеќе: Мистичност и бајка: Волшебни замоци во зима
2. Езерото Блед, Словенија
Богатството на Словенија – така го нарекуваат овој неверојатен замок, кој се наоѓа на брегот на езерото Блед. Островот на цар Блед, е сместен во средината на леденото езеро и благодарение на својот шарм добил восхит од страна на посетители од целиот свет.
Прочитај повеќе: 10 причини кои ќе ве убедат да ја посетите Љубљана
3. Каса Батло, Шпанија
Шарената зграда во центарот на Барселона го привлекува вниманието на туристи од целиот свет. Керамидите на покривот и фасадата се начичкани со бои, а ентериерот внатре е како од приказната за “Пепелашка”.
Прочитај повеќе: Шпанија одблизу
4. Кападокија, Турција
Како од приказната за “Аладин”, ова место може да ве плени со историјата и убавина. Таму се наоѓаат „кулите”, формирани пред 13 милиони години.
Прочитај повеќе: Турција во три минути
5. Маѓепсана шума, Ирска
Во 18 век овој пат водел до зградата на богата фамилија. За да изгледа поубаво, жителите на зградата наредиле да се насадат дрвја, кои ќе личат на тунел.
Прочитај повеќе: Магичниот тунел од „Играта на престоли“ е реален и го има во Северна Ирска
6. Манастир „јамата на тигарот“, Бутан
Овој неверојатен храм се наоѓа во карпестите планини на Бутан и се смета за едно од најсветите будистички места низ светот. „Јамата на тигарот“ плени и со својата убавина, лоцирана како крајот на светот.
Прочитај повеќе: За авантуристи: Најотсечените светски дестинации
7. Стариот град, Франција
Го споредуваат овој прекрасен град со слика од кутија за чоколади – совршена идила. Прошетката низ ова магично место ќе ви се чини филмска и нема да сакате да си заминете од сцената во која ќе се почувствувате како главна улога.
Прочитај повеќе:Магични фотографии што ќе ве натераат да се вљубите во Франција