Патување во снежното кралство: Нова Година во Русија

Во Русија има бројни градови, во кои можете да ја дочекате Новогодишната ноќ во одлично расположение.

За време на празниците тие се повеќе како бајка, во која постојат можности за чуда, отколку само локации за убава снежна прошетка.

Во овој напис, собравме само мал дел од оние места кои вреди да се видат за време на новогодишните празници.

Казањ

Санкт Петербург

Велики Устјуг

Москва

Нова Година на Црвениот плоштад – еден од најважните моменти кои можат да бидат незаборавни. Секоја година, во срцето на Русија, илјадници луѓе се собираат токму тука да го доживеат одбројувањето, како надеж за нов и поубав почеток.

Смоленск

Смоленск има многу цркви и споменици на културата. На пример, домот на композиторот Михаил Глинка.

Кострома

Сочи

Во новогодишните празници постои одлична можност да се види Олимпискиот Сочи без возбуда. Можете да ги посетите стадионите, да уживате на скијање, или едноставно да се шетате по должината на брегот.

Владимир

Кристално чистиот воздух и снегот во утринските часови – што би можело да биде подобро? Владимир на Нова Година претопен во посебна, празнична атмосфера. Овде можете не само да имате добар одмор, туку и можност да ги погледнете древните руски манастири и цркви.

Калининград

Славењето на Нова Година во Калининград, значи да се биде во европски град на Русија. Вам не ви е потребна посебна дозвола за да одите низ улиците со калдрма, да ги посетите шарените Божиќни пазари и да  уживате.

Велики Новгород

Велики Новгород – еден од најубавите места за оние кои сакаат да ја доживеат атмосферата на чудесната руска зима.

- Реклама -