Сте посакале ли некогаш да се прошетате во фантастичниот свет на „Игра на тронови “? Да ја почувствувате магијата и убавината на Вестерос, да се прошетате по Кралскиот пат?
Сигурно тоа е сонот на бројни фанови, но кој вели дека истиот не може да добие речиси реална димензија . Без разлика дали сакате да ги следите чекорите на Кал Дрого или да се впуштија смело во земјите надвор Вала, сè е можно! Продуцентите на филмот откриле каде се снимани различните предели и бројни туристи веќе се собираат да ги посетат. Некои од местата се познати туристички дестинации, додека други допрва се промовираат благодарение на филмот.
Кралскиот пат
Кралскиот пат кој што го поврзува главниот град на Вестерос со северните земји и оди дури до Вала, всушност е пат во Северна Ирска. Патот води до малото село АРМО, со население од само 414 лица. Ако ова магично место ви се чини привлечно, не грижете се за неговата оддалеченост. Патот се наоѓа во близина на други популарни дестинации од филмот , како на пример замокот. Повеќе за патот можете да видите тука.
Замокот на Старк
Домот на Старк е инспириран од замокот Странгфорд кој се наоѓа во Северна Ирска. Отворен за посетители во текот на годината и е опкружен со градини.Во него, исто така има бројни атракции, вклучувајќи демонстрации на средновековни занаетчии како ковачи и грнчари. Додека се шетате низ замокот, ќе препознаете мноштво од локациите во серијата, како на пример дворот, шталите и главната сала.
Свадбата на Кал Дрого
Оваа сцена од првата сезона е снимена во Малта, на место познато како Синиот прозорец .Оваа сцена се издигнува над кристалните води околу островот Гозо и привлекува илјадници туристи во текот на годината. Досега е популарен меѓу фотографите и нуркачите, но каменестата плажа веќе привлекува и бројни фанови на “Игра на тронове “.
Главниот град на Вестерос
Во реалниот свет главниот град на Вестерос е прекрасниот т град Дубровник во Хрватска . Една од најпосетените туристички дестинации во Со редиземноморието, Дубровник им нуди на туристите историски споменици , меѓу кои дворецот Спонза, тврдината Ловриенац и катедралата Свети Влас. Се разбира, во Дубровник, исто така има и безброј плажи , како централни, така и скриени, што го прави идеален за летен одмор.
Куќата на бесмртните
Додека сте во Дубровник посетете ја Минчета попозната на гледачите како Куќата на бесмртни . Сместена меѓу двете порти, таа е срцето на стариот град и може да ви понуди ексклузивна прошетка како во минатото на нашиот свет така и кај сцените од “Игра на тронови “.
Во продолжение погледнете и неколку локации во Мароко…
…и Исланд