Пациенти во Виница се „тестирале“ за ковид „на црно“, со тестови што покажуваат „една или две цртки“

Пациенти од Виница се јавувале кај матичните лекари тврдејќи дека се „негативни“ на коронавирус, а таквото тврдење го базирале на „тестови“ што им ги направиле лица без никакво медицинско образование и експертиза, целосно „на црно“, објавува „Слободен печат“.

Според кажувањата на пациентите кои со неверување ги пренесуваат лекарите, „закажувањата“ се одвивале преку телефон, по што „тестирачите“ со сопствено возило ги доставувале „тестовите“ до нивните домови и преку прозор им подавале ленти и стапче за самите да си земат брис. „Тестовите“ чинеле 1.000 денари, а покажувале „една или две цртки“ во зависност од тоа дали лицето е заразено или не, тврдат пациентите. Притоа, „тестирачите“ не издавале никаков документ или потврда, ниту пак фискална сметка за наплатените пари.

Докторите, шокирани, алармираат дека ваквите пракси ниту се легални, ниту се медицински издржани, но пред сѐ се опасни, бидејќи пациентите откако ќе се тестираат, уверени дека се негативни, така и се однесуваат во секојдневието, иако потоа се покажува токму спротивното. Целиот текст и повеќе примери со „друг тип тестови“ прочитајте го ТУКА.

 

- Реклама -