The Pleasantville Curve е 213-метарско парче пат кое изгледа како експресионистичка апстрактна уметност, или можеби некаков резултат на дефектна графичка карта. Патот не е во употреба, барем не во класичната, туку служи како место за вежбање на новопечените работници кои утреден ќе одбележуваат ленти и друга патна сигнализација.
Ова парче ишаран пат може да се стави во ист кош со една друга категорија инфраструктура, позната како „test deck“ („тест платформа“). Традиционално таквите тест платформи се поставуваат на патиштата за да се утврди квалитетот и трајноста на бојата на автопатите. Практично се состојат од повеќе фолии (слоеви) боја. Ако бојата издржи две години триење од автомобилски гуми и гребење од возила за чистење снег, значи дека го поминала тестот.
Како и да е, парчево асфалт во Pleasantville не е некаква „научно-експериментална“ платформа, туку обично парче погодно за вежбање; но и ненамерно парче јавна уметност, како резултат. Фотографиите од Google Streetview направени во 2009 и 2014-та покажуваат дека асфалтот на Pleasantville Curve редовно добива нов слој боја и останува да биде „work in progress“.