Сол на патиштата – тоа е типично за студените месеци од годината, но знаете ли дека во моментов се развива нова технологија за топење на снегот?
Истата претендира кон тоа да го подобри животот на луѓето и да ги направи патиштата посигурно место во зима. За време на последните неколку години група истражувачи развиваат технологија која ќе овозможи да бидат создавани патишта што самите ќе го топат снегот со помош на нисковолтаично електрично полнење, вградено во самиот пат.
Овој пристап го привлекува вниманието во последно време и во следните неколку години може да стане реалност во американските патишта. Крис Туан е професор по инженерство на Универзитетот Небраска-Линколн. Тој е еден од научниците кои се обидуваат да го решат проблемот со снегот на патиштата.
Туан и неговиот тим развиваат бетон, кој содржи челични поднесоци и јаглерод. Ова ќе му овозможи на патот да се загрева сам себе до степен додека да одмрзнат снегот и мразот. Нивото на затоплување е доволно ниско што не предизвикува топење на гума, на пример.
Со оглед на тоа што технологијата е сè уште во процес на усовршување, не е можно да ја видиме во пракса во брзо вереме. Сепак идејата е одлична и по секоја веројатност првите тестови ќе се случат во март, годинава. Според научниците, технологијата ќе биде применета успешно и на аеродромите.