Asics, специјалистите за трчање, сигурно биле загрижени поради растечкиот тренд за босо џогирање. Нивната најнова патика, Gel-Excel33, е дизајнирана за да им дозволи на сите 33 зглобови во стапалото да се движат слободно, со што оној кој ја носи ќе има „искуство на природно трчање“.
А дали има подобар начин за промовирање на патиката отколку кампања која ги слави секој мускул и секоја коска во човечкото тело? Триесет и три членови на акробатскиот тим Spelbound ги извиткале своите тела за да формираат човечка верзија на патиката.
{youtube}CsUK4MS0ST0{/youtube}