Во 2008 година, кога цената на златото почна вртоглаво да расте на светските пазари, група села во државата Замфара, северозападна Нигерија, стануваат центар на опасна и неконтролирана златна треска.
Соништата за богатство наскоро го претвораат животот на локалното население во вистински кошмар – рударите ја доживуваат најлошата епидемија на труење со олово во современата историја.
Од почетокот на 2010 година околу 460 деца на возраст под пет години загинаа, а повеќе од 5.000 беа заразени со смртоносното ниво на токсично олово, ослободено од камењата, скршени во прав за извлекување на благородни метали.
Една цела генерација полека се погубува; оние кои преживеаа, се соочија со неизлечиви рани како слепило, намален слух и оштетување на мозокот.
Бидејќи рудниците се единствената профитабилна дејност во регионот, рударите не можат да престанат да копаат за да ги прехранат семејствата, иако тие всушност ја уништуваат сопствената иднина и онаа на своите деца …