Постењето не мора да значи гладување. Може да спремите гурмански ручек со посни намирници, на пример згответе пастрмка со печурки. Не знаете како? Еве рецепт:
Состојки: 4 помали пастрмки, 1 лажичка зачин, 3 лажички сок од лимон, 150г шампињони, 150г буковка, 2 целери, 50мл бело вино, 1 лажичка магдонос, 2-3 лажички маслиново масло
Подготовка: Исчистените пастрмки потопете ги во сокот од лимон, а потоа одозгора зачинете. На загреано масло пржете ја рибата од двете страни по околу 5 минути, а потоа ставете ја на топло место.
На истата маснотија испржете ги целерот и печурките, пржете десетина минути, малку посолете,додајте го магдоносот, налејте со виното и пржете уште малку.
Топлата пастрмка послужете ја со подготвените печурки и целер.
Добар апетит!