Обично ѕвездите кои ќе се породат, избегнуваат јавни манифестации, барем додека не ја повратат претходната фигура. Дали од суета, или од страв од злобни коментари, но тоа е практика. Ким Кардашијан на некое време навистина се „скри” од сите папараците, камери и не се појавуваше на настани, додека не ги симна килограмите кои според неа го спречувале нејзиното излагање.
„Сакав да се појавам пред светот, да бидам гола и да кажам – еве секси сум и се вратив”, додаде Ким неодамна. И само по неколку месеци нејзината желба се оствари и партнерот на Кание Вест не престанува да се фрцка со новата, секси фигура. Погледнете ја оваа папараци фото-сесија додека старлетата била на шопинг во Беверли Хилс.