Пасошите сефтосани со печат со „Северна“ (ФОТО)

Согласно договореното во Преспа, на граничните премини при влез и излез во земјава во пасошите започнаа да се ставаат печати со новото име на земјата – Република Северна Македонија.

Според Преспанскиот договор, преодниот рок за новите пасоши е пет години, а нив граѓаните ќе ги добијат при редовната постапка и по регуларната цена за замена на патните исправи. Дотогаш на важечките МВР ќе става печат за да појасни дека ѝ припаѓаат на Република Северна Македонија, пренесува МИА.

 

- Реклама -