Министерот за внатрешни работи – Оливер Спасовски, очекува дека многу наскоро ќе има конечен датум од кога ќе почнат да се употребуваат новите пасоши и лични карти, односно документите на кои ќе стои новото име на државата.
Тој посочи дека Управувачкиот комитет во МВР континуирано работи на имплементација на проектот и изрази надеж дека нивната примена ќе почне од следната година.
Според Спасовски, најважно е што државата нашла начин дотогаш да се употребуваат постоечките патни исправи и обрасци.