Според ново истражување, тинејџери жртви на пасивно пушење имаат двапати повисоки шанси за губење на слухот. Октритието додава уште еден проблем на серијата здравствени проблеми кои се резултат на пасивно пушење, како зголемен ризик од астма, срцеви проблеми и рак на бели дробови.
Тинејџерите изложени на чад од цигари имаат поголем ризик од „сензоневрално“ губење на слухот, кое најчесто е предизвикано од проблеми со ушниот полжав во внатрешното уво. Научниците мислат дека пасивното пушење влијае на дотокот на крв во тој дел од увото. Предизвиканата штета го отежнува разбирањето на говор што е поврзано со слаби академски перформанси и лошо однесување во училиште.
Авторот на студијата, доктор Мајкл Вајцман од училиштето за медицина на Њујорк Универзитетот, изјавил: „Ова е тип на оштетаување на слухот кој најчесто се јавува кај постари лица или кај деца родени глуви.“ Доктор Вајцман проучувал над 1500 тинејџери на возраст од 12 до 19 години. Тие биле подложени на голем број тестови за слух како и тестови на крвта кои ја барале хемикалијата котонин, материја произведена при разложувањето на никотин.
Оние тинејџери кои биле жртви на пасивно пушење, според котининот во крвта, имале поголеми шанси за сензоневрално губење на слухот од оние кои не биле изложени на чад од цигари. Резултатите од студија која се фокусира на операции на главата и вратот исто така покажала дека над 80 проценти од оние кои страдаат од ваквите проблеми не се свесни за тоа.
Ко-авторот на студијата, доктор Анил Лалвани од одделот за педијатрија од училиштето за медицина на Њујорк Универзитетот, додал: „Поблагите форми на губење на слухот најчесто поминуваат незабележано. Значи, само со прашување дали некој мисли дека има проблеми со слухот не е доволно.“ Доктор Вајцман се надоврзал: „Последиците од благо губење на слухот се суптилни но сепак сериозни. Погодените деца можат да имаат тешкотии да разберат што се зборува во училницата и полесно губат внимание. Како резултат, тие би можеле да бидат обележани како проблематични.“ [How passive smoking can harm hearing: Tests show it takes toll on teens]