Американските научници најдоа ново оружје во прогонот на пушачите – пасивно пасивно пушење (или: third hand smoke). Според најновото истражување, непушачите воопшто не мораат да го вдишат чадот за да ги почувствуваат негативните влијанија.
Американските научници најдоа ново оружје во прогонот на пушачите – пасивно пасивно пушење (или: third hand smoke). Според најновото истражување, непушачите воопшто не мораат да го вдишат чадот за да ги почувствуваат негативните влијанија.
Научниците од Американската Академија на Науки ги соопштија резултатите од студијата на тема „Пасивно пасивно пушење“ (или: Third hand smoke). Според нив, непушачите не мора ни да го вдишат чадот за да ги почувствуваат негативните влијанија од пушењето.
При пушењето цигари, дел од никотинот се ослободувал во атмосферата во форма на пареа. Потоа, во ситуации кога се пуши во затворен простор, таа пареа се лепела на делови од ентериерот и можела таму да остане и до неколку месеци.
Опасноста доаѓала од контактот на никотинот со атмосферските азотни киселини, при што доаѓало до формирање на Специфични Тутунски Азот-Амини кои биле канцерогени. СТАА биле меѓу најмоќните канцерогени материи што се наоѓаат во неизгорениот тутун и во чадот од цигарите. Особено биле опасни за мали деца кои доаѓале во контакт со ќилимите и облеката. Вдишувањето можело да биде направено директно или преку вдишување на правот во собите.
Пушењето надвор исто така не помагало затоа што СТАА се таложеле на облеката и кожата на пушачите, велат научниците. При враќањето дома штетните материи се внесуваат со самиот пушач. [Third-hand smoke also bad for you: study]