Партнерот не ви ги лајкува статусите? Еве што значи тоа

Неодамна беше спроведено истражување во кое учествуваа 108 хетеросексуални парови. Во текот на две седмици, тие морале да водат дневник за тоа како се чувствуваат во однос на своите врски и насоките во кои тие се движат.

Истражувачите ги споредија записите со податоците за тоа колку е интерактивен парот на Фејсбук. Според добиените резултати, заклучокот е дека кога луѓето се понесигурни во однос на партнеровите чувства, тие објавуваат повеќе нешта што се однесуваат на нивната врска.

M_Id_392181_facebook_couple[1]

Со други зборови, тоа што вашиот партнер/ка ретко ги коментира или ги лајкува вашите слики и статуси и ретко прикачува заеднички слики, не треба да ве иритира. Тоа е знак дека другата страна се чувствува сигурна во вашата љубов и дека врската ви се движи во добар правец. Немањето желба да шири информации за вашата љубов во дигиталниот свет на друштвените мрежи не мора да значи дека сака да скрие нешто (иако има и такви случаи), туку едноставно ја нема таа подмолна потреба постојано и пред сите да истакнува колку се сакате, затоа што во себе е сигурен/а во тоа.

- Реклама -