Трејлер: Parker со Џејсон Статам

Џејсон Статам повторно ќе биде во преден план на големото платно во март заедно со Џенифер Лопез во трилерот Parker.

Статам последен пат го гледавме во The Expendables 2: The Next Time? во август, а освен во Parker, тој ќе глуми во уште еден филм во првата половина од 2013 година. Станува збор за трилерот Hummingbird, чија премиера е закажана во мај.

Во Parker, Статам глуми крадец со строг етички код, кој откако ќе биде измамен, ги спојува силите со Лопез за да се одмазди.

Останатите улоги во филмот ги толкуваат Ник Нолт, Мајкл Чиклис и Вендел Пирс, а режијата е на Тејлор Хакфорд.

{youtube}1joMwOjPmyE{/youtube}

Прочитајте и:  Поранешната сопруга на Бен Афлек ја ограничи комуникацијата со Џенифер Лопез, а има многу добра причина за тоа 
- Реклама -