Твитер корисничка, која во моментов е во Париз на меден месец, објави видео од група парижани додека пеат химни одејќи по улиците долж реката Сена, во близина на катедралата Нотр Дам. Како што објаснува туристката во твитот, видеото го снимила од својот хотелски прозор, во раните вторнички утрински часови, откако пожарникарите објавија дека пожарот е под контрола, но сè уште не е целосно изгасен.
„Го чув ова надвор под мојот прозорец и станав да видам, налетувајќи на ова. Нотр Дам го опсипуваат со серенади. Искрено, сето ова е многу потрогателно отколку што можам да опишам“, пишува таа. „Го отворив прозорецот и веднаш ми се насолзија очите. Прекрасно е да се видат луѓето како се здружуваат за својот град и Нотр Дам. Можете искрено да ја почувствувате нивната тага… Останаа тука некое време, пеејќи и аплаудирајќи. Беше надреално“.
I heard this outside of my window and found this. Notre Dame is being serenaded. Honestly, it’s more moving than I could describe. pic.twitter.com/3AZRkFh1yO
— Jojo 🌯 (@imperiumsilver) April 15, 2019
Вели дека е скршена поради ова им се случува на луѓето од Париз. Вели дека вчера утрото првпат ја видела катедралата, а еве, веќе следниот ден, Нотр Дам е уште таму, но болно осакатена од големиот пожар.