Парижани ќе станат градинари, а Париз нивна градина

paris

Од неодамна, во Париз има уште еден закон кој го регулира животот на граѓаните. Тој гласи дека секој може да сади урбани градини во рамките на градот.

По добивањето на дозвола, градинарите ќе смеат да садат по ѕидовите, во саксии, на покривите, под дрвјата или крај оградите. Ќе имаат право да создаваат градинарски површини околу своите домови, но и околу своите работни места. Ќе можат да одгледуваат цвеќиња, зеленчук и овошје.

2(2827)[1]

Градоначалнничката на Париз – Ан Идалго, има за цел да создаде 100 хектари живи ѕидови и зелени покриви до 2020 година. Една третина од оваа површина ќе биде во вид на зеленчукови градини.

Се разбира, „градинарите на јавниот простор на Париз“ ќе мораат да се придржуваат во  рамките на законот. Тоа значи дека ќе мораат да користат еколошки методи, да избегнуваат употреба на пестициди и да го стимулираат биодиверзитетот во градот.

paris garden

Парижани се повикани да ја потпишат таканаречената „Карта за рекултивација“ и да одгледуваат „локални медоносни растенија“. Дозволите ќе бидат издавани со период на важење од 3 години, со можност за продолжување на рокот.

Градот ги моли да бидат креативни во однос на тоа каде садат и да придонесат за уредување на градот со семиња и почва. Надежите се дека луѓето ќе ја искористат својата имагинација и ќе ја огранизират животната средина на начин што ќе им биде пријатно да живеат во неа.

1427746779297[1]

Локалната власт се надева дека покрај изгледот на градот, со ова ќе се подобри и целокупниот живот во Париз, но и дека заедничките напори за уредување на просторот ќе придонесат за зајакнување на меѓусоседските односи и „создавање на социјални врски“.

- Реклама -