Париз се пребројува: Над 160 загинати и 200 повредени

На улиците на Париз се ангажирани над 30.000 полицајци. За сето време, француската Влада непрекинато заседава, и меѓу другото, ги пребројува жртвите, чии број, според последните информации, е над 160 убиени и над 200 ранети.

2E6D5A4500000578-3317776-image-a-7_1447476332399[1]

Досегашната истрага сугерира дека терористите биле обучувани на домашен терен, во Франција. Аналитичарите сметаат дека според бројот на локации и потребната логистика да се изведе таков напад, потребна е поголема координација и од нападите на 11 септември 2001-та во САД.

Како што истакнуваат од француската полиција, сите напаѓачи се убиени, но некои од соучесниците се сé уште на слобода. Прогласена е вонредна состојба и дополнително мобилизирани се 1500 војници за да помогнат во обезбедувањето на градот. Парижани се замолени да останат во своите домови.

Сочуство до семејствата на жртвите на нападите и остра осуда на овој терористички акт изразија Барак Обама, Ангела Меркел, Владимир Путин и речиси сите европски и светски лидери. Обама го карактеризираше нападот како „атак врз целото човештво и вредностите што тоа ги негува“.

- Реклама -