Париз ќе биде првиот град што ќе добие официјален нудистички парк, откако градските официјални лица изминатава недела гласаа „ЗА“.
Паркот би можел да стапи во функција уште следното лето, а моментално се разгледуваат две локации кои се одобрени со плановите. Можните опции се Bois de Boulogne и Bois de Vincennes.
Нудизмот, односно натуризмот, се прилично многу популарни меѓу парижаните, но јавната голотија е строго казнива, освен кога се случува во места строго предвидени за такво нешто. Казните се движат и до 15.000 евра, или година дена затвор.
А дека Париз е во љубов со нудизмот е и тоа што градот моментално има и голем градски базен, кој дозволува нудизам три вечери неделно. Сепак, натуристите од француската престолнина не беа задоволни само со базен, и бараа поголем простор во кој ќе можат да уживаат голи.
Denis Porquet – член на Асоцијацијата на нудисти во Париз, за локалните медиуми изјави дека досега најчесто се присилени да изнајмуваат простори како куглани или други поголеми локации, за таму да можат да организираат приватни забави за своите членови.
Предлогот за отварањето на јавен парк за нудисти доаѓа од Зелените кабинети на градоналчникот на Париз, а во одговорот беше назначено дека новиот простор за париските нудисти мора да е во близина на езеро или да е простор кој нема да биде пречка за јавниот ред и мир.