Еден од најпопуларните градови во светот, кога станува збор за фановите на супер возилата, спортски или луксузни – Лондон, ќе го ограничи присуството на моќни и бучни машини.
Градските власти усвоија закон според кој сопствениците на премногу бучни автомобили ќе бидат казнети со по 1.000 фунти при нарушување на јавниот ред. Новото правило доаѓа како последица на голем број поплаки од соседството во Челзи, каде голем број возачи на моќни машини редовно ги турираат своите автомобили за да привлечат внимание. Оваа легислатива беше под лупа скоро две години и за неа беа правени многу анализи и имаше како за, така и против, нејзиното донесување, но на крајот сепак е во сила!
Познавајќи ги фактите дека во британската метропола категорично се почитуваат законитостите околу управувањето на возила без емисија на штетни гасови, се чини и оваа регулатива ќе си најде свое место.
Автоплус