Животот во двојка ќе биде многу поудобен ако вашите парфеми меѓусебно се надополнуваат, наместо да се косат и судираат.
Ако животот во двојка подразбира делење на сите работи, тогаш зошто тоа не би се однесувало и на парфемите? Во последниве неколку години, голем број брендови почнаа со активно лансирање на сродни мириси за него и за неа. Еве како врската може да си ја зачините со соодветни парфеми.
Дел од најдобрите примери за мирислив соживот се Davidoff Cool Water, Dolce&Gabbana Light Blue, Calvin Klein Eternity Summer, и многу други, но знаете ли како тие мирисаат?
Davidoff Cool Water за него и за неа сезонава потсетува на широките океански пространства и сините лагуни, па затоа го доби поднасловот Pure Pacific. Нежниот цветен мирис поседува свежи цитрусни ноти, додека низ главната ароматична нота се провлекува есенцијата на босилек.
Интересно е што мирисите од ова серија функционираат самостално, секој за себе, но истовремено се многу зависни еден од друг, исто како и популарниот Light Blue пар. Dolce&Gabbana летово се посветија на медитеранските туристички бисери. Нежниот мирис е ароматична посвета на гратчето Портофино, додека дрвенесто-морскиот мирис го добива од вулканскиот остров Стромболи.
Мирисот на вечноста на Calvin Klein, пак, со своите мирисни ноти го отсликува зајдисонцето на морскиот брег. Eternity Summer за неа има цитрусен почеток, а се развива со цветни ноти на гарденија и божур, додека машката верзија мириса на лубеница, камилица и мимоза, со блага нота на мошус.