Пареидолија – психолошки феномен во кој случајните сетилни стимули се третираат како значајни и познати. Обично се случува во визуелната и звучната перцепција. Мозокот одговара на стимулот перцепирајќи го преку шеми/форми што однапред му се познати, иако во набљудуваното нешто реално ги нема. Во звучната перцепција, на пример, мешавина од случајни звуци може да ви звучи како некој нешто да ви проговорил. Во визуелната е уште почеста, како на пример во следниве фотографии, каде облаците ќе ви личат на куче, шунка ќе ви личи на Исус, ранец ќе ви личи на делфин.
Повеќе примери на пареидолија ТУКА.