Паразит го претворил теренот на „Тодор Проески“ во нива за мечот со Италија, велат одговорните

Питиум

Паразит што јадел трева бил виновникот за ужасниот фудбалски терен на Арената „Тодор Проески“ во Скопје, каде Македонија одигра 1-1 со Италија, велат од Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор (АДИССДП), под чија одговорност за стадионот, за „360 степени“.

Претходно, пред мечот со Украина, проблем немало, а теренот бил позитивно оценет од УЕФА. Но по извесен период, кон крајот на јуни, констатирано е дека тревата е заболена од болеста ‘Питиум’ (pythium), растителен паразит, објаснуваат од АДИССДП.

Тие тврдат дека стручните служби веднаш пристапиле кон третирање на паразитот и извршиле ново просејување со семиња и прихрана. Благодарение на тие напори, велат, теренот бил доведен до задоволително ниво и УЕФА дала зелено светло и за одржување на натпреварот со Италија.

„360 степени“, меѓутоа, потсетува дека пред Италијаните, дека теренот бил „нива“ се жалеа и Бугарите при гостувањето. Повеќе детали и целата сторија, вклучително и за тоа колку теренот влијаел на резултатот со Италија, ТУКА.

- Реклама -