Параноја во турската кујна: Советник на Ердоган тврди дека ТВ кулинарите се шпиони

cook
Во погледот му се гледаат задните намери. Плус, прасе?!

Европските кулинарски телевизиски експерти, кои наводно  трагаат по локални специјалитети во Турција, всушност да ти биле цела мрежа од шпиони. Ги провали близок советник на Реџеп Таип Ердоган, кој патем редовно споделува рецепти на друштвените мрежи.

„Пред некој ден гледав емисија на еден ТВ канал. Еден Англичанец и еден Италијанец (…) одеа од село во село, готвеа и ја откриваа магијата на Анадолија“, почнува Игит Булут за турската телевизија „Хабер“. „Не знам дали сте забележале, но сите тие кулинарски емисии ги прават странци. Зошто Британците, Германците, Италијанците и Французите шетаат по селата на Анадолија и Тракија? Собираат информации“, рече Булут.

Ваквата изјава на Булут – еден од водечките економски советници на Ердоган доаѓа во време на затегнати односи меѓу Турција и Европа, кои се резултат на јулскиот обид за пуч.

Според него, тие „шпиони“ ја користат гостопримливоста на обичното турско население за да ги остварат своите мрачни цели.

Bulut_Jigit[1]

„Нашите сонародници се лековерни“, се пожали тој, „отвараат врата, зборуваат за нашите тајни, кажуваат каде се воените бази, складиштата со муниција“.

Повикувајќи ги Турците да не „спијат“, Булут порача: „Бидете будни! И немој да ми кажувате дека ова е некоја моја теорија на заговор или дека претерувам!“.

…Што е малку тешко да се преќути, затоа што во 2013-та, на пример, Булут изјави дека Ердоган бил мета на „чести обиди за атентат“, од кои некои се изведени со телекинеза (поместување на предмети само со моќта на мислите, без физички допир).

Сепак, лани Булут предупреди дека за некој да стигне до шефот на турската држава и да се обиде да го нападне, ќе мора да помине лично преку него мртов. Рече дека носи два револвера и стотина куршуми, спремни за акција. Додуша не кажа дали се тоа некакви специјални хај-тек куршуми што се отпорни на телекинеза…

- Реклама -