Правото да располага со мемоарите на Соломон Нортап од 1835 година, на чија основа е создаден филмот номиниран за девет Оскари оваа година, најпрво го имале “Plan B production”, која е во сопственост на Бред Пит и Џенифер Анистон, во соработка со “Paramaunt”. Сепак, “Paramaunt” бил навреден кога компанијата “Plan B” наместо нив, ја навела “Regency Enterprises”.
Од “Paramaunt” велат дека е ангажиран и правен тим кој ќе се справи со ова прашање.
– Компанијата е навредена затоа што Пит и неговиот партнер Диди Гарднер филмот не им го понудиле прво на нив- изјавил добро информиран извор за американските медиуми.
Сепак, како што е подоцна изјавено, “Paramaunt” нема правно да го гони Пит поради нивната „добра долгогодишна соработка, нивното пријателство и почитта кон филмот“.
Во меѓувреме, „12 години ропство“ е номиниран за дури девет Оскари.