Од мојот акаунт на Инстаграм се обидов да демонстрирам дека не ти треба професионална камера за да направиш добра фотографија. Користиејќи само смартфон, можеш да фатиш одлични моменти и да си раскажеш приказна.
Многу луѓе не сакаат дожд, но вирчињата што се создаваат можат да бидат магични. Секој пат кога ќе видам локва, го вадам телефонот, ја ставам камерата што поблиску до водата и станувам ловец на паралелни светови. Ова се моите рефлекции што ги направив во Торонто, Канада минатиот месец. / @guigurui