Веројатно веќе знаете, но додека Европа смрзнува и се бори со снег и лавини, Австралија доживува пеколни горештини.
Барајќи чаре, двајца Австралијци – познатите близнаци и YouTube пранкстери RackaRacka, решиле да направат нешто што веројатно малкумина би го направиле, под услов прво да им текне. Браќава ја наполниле својата кола со вода, претворајќи ја во базен на тркала.
Многумина беа импресионирани од посветеноста кон ваквиот „проект“, па „базенот на тркала“ наскоро предизвика големо внимание во австралиската јавност.
Полицијата, од друга страна, не е воодушевена, но нема што многу да стори. Со оглед дека во Австралија нема закон против тоа целосно да ја наполните колата со вода, на полицијата единствено ѝ преостанува да апелира дека возење во подводни услови „не е препорачливо“.