Често споделуваме приказни за луѓе кои излегуваат од општоприфатените норми на секојдневјето. Андреј и Габриела Морисон поминале децении во бесцелно живеење, во кое животот им се вртел главно околу финансиите и плаќањето на огромна хипотека.
Кога дознале за овој начин на живот, тие се откажале од сè што имаат и решиле да ги скратат максимално трошоците со тоа што ќе си изградат пријатен и мал дом, кој го нарекуваат hOMe.
Домот од соништата е изграден за не повеќе од 22 илјади долари.
Благодарение на брилијантниот дизајн за местото што не надминува 20 квадратни метри, истиот изгледа многу повеќе простран внатре. И семејството Морисон има сè што им треба.
Во кујната дефинитивно не недостасува место за ормари и полици.
Под скалите има „плакар”
Во спалната соба собира голем кревет и гардероба.
Од другата страна има и катче, каде Андреј сака да свири на гитара.
Во малата бања има тоалет.
Па дури и туш кабина:
И најдобриот дел: куќата е на тркала, што значи дека нема постојана адреса и може да се пресели во секое време.
Малиот дом заштедува средства и им овозможува на луѓето да се фокусираат на најважните работи во животот.
Она што семејството Морисон успеале да постигнат, е сон за многумина од нас. Тие се ослободени од долгови и сметки, од постојана адреса и сето останато што ни пречи да го живееме животот кој што го сакаме.
Ако повеќе луѓе кои имаат некакви средства, ги користат на сличен начин, светот може да се промени на подобро.