Италијански тинејџер кој ги користел своите компјутерски вештини за ширење на католичката вера ќе стане првиот „милениумски светец“ кога ќе биде канонизиран следниот април, објави во средата Reuters.
Карло Акутис, кој почина од леукемија во 2006 година на 15-годишна возраст, беше нарекуван „Божјиот инфлуенсер“. Роден е во Лондон, а израснал во Милано, каде што покрај ги одржувал веб-страниците на неговата парохија и образовните установи на Ватикан.
Акутис беше прогласен за блажен во 2020 година откако му беше припишано едно чудо: седумгодишно момче од Бразил заздравило од ретко нарушување на панкреасот откако дошол во контакт со кошула на Акутис, а во мај папата му припиша уште едно чудо на момчето кому му се молат многу млади. Со припишувањето на второто чудо тој може да биде канонизиран во свет.
Папата Франциск на својата седмична општа аудиенција во Ватикан во средата рече дека Акутис ќе биде прогласен за светец за време на викендот од 25-ти до 27-ми април.
Тогаш Ватикан го слави Јубилејот на тинејџерите како дел од католичката Света година во Рим, која започнува кон крајот на декември. Ватикан не го објави точниот датум на церемонијата на канонизација.
Во средата, папата, исто така, рече дека во текот на викендот од 28-ми јули до 3-ти август следната година ќе го канонизира Пјеро Џорџо Фрасати, италијанско момче познато по помагањето на нејаките а починал од детска парализа во 1920-тите,
Поглаварот на Римокатоличката црква најави дека Ватикан на 3-ти февруари ќе одржи состанок за правата на децата, на кој, како што рече, ќе учествуваат експерти од различни земји.
VATICAN CITY—A second miracle has been attributed to the intercession of Bl. Carlo Acutis, paving the way for canonization.
This is (future Saint) Carlo Acutis, whose tomb (surrounded by a relief of his life, including his LOVE of animals!) is located in the church of Santa… pic.twitter.com/jSk1LYpdrA
— Bree A Dail (@breeadail) May 23, 2024