Папата Франческо призна дека потклекнал на „ Крадецот кој живее во сите нас“ и дека ја прекршил седмата божја заповед која вели „Не кради“.Во разговор со група свештеници, римокатоличкиот поглавар изјавил дека во родниот Буенос Аирес бил на погреб на свештеник на кој што му се восхитувал и принесол цвеќе на неговиот гроб, кога одеднаш забележал дека мртвиот во раката има бројаница.
„ Изненадувачи крадецот, кој сите го носиме во себе, ми се појави во мислите. И додека го спуштав цвеќето во ковчегот го искинав крстот од бројаницата“, изјави папата кој не прецизира кога точно се случил настанот.
Тој додаде дека од тогаш секогаш со себе го носи тој мал крст што го потсетува на свештеникот и милосрдноста што тој ја имал кон другите.