Жените кои прават абортус „се како луѓето кои најмуваат платени убијци за да решаваат проблеми“, порача денес (среда) папата Франциско пред верниците собрани на плоштадот Свети Петар.
„Како може чин кој го уништува животот во непостоење, невин и беспомошен, да биде терапевтски, цивилизиран или едноставно хуман?“ праша папата во своето седмично обраќање до јавноста.
„Ве прашувам: Исправно ли е да згасите човечки живот за да решите проблем?“
Верниците извикуваа „не!“, а папата продолжи:
„Тоа е како да ангажирате платен убиец за да решите проблем“.
Иако јавноста го смета, а и таков се покажа, за значително полиберален папа од своите претходници, Франциско очигледно го нема променето ставот по прашањето на планирање на семејството.
Сепак, неговите коментари на жешките теми сепак се поретки споредено со другите пред него, а и стои на ставот дека Црквата помалку време треба да посветува на спроведување на доктрини, а повеќе време да посвети на доближување до оние кои се одалечиле од патот (доктрините), и кои имаат потреба од помош.