Паоло Роси, џинот на светското првенство во Шпанија

rosi

Неверојатна кариера имаше Паоло Роси, најдобриот играч на планетата во 1982 година. Најголемиот подвиг го забележа на СП во Шпанија во 1982, додека претходните 2 години беше надвор од фудбалот.
Поточно, Паоло Роси во 1980 година додека играше за Перуџа беше вмешан во голем скандал со обложување, во Италија познат по името Тотонеро, за кој беше осуден на две години неиграње фудбал.
Јувентус го купи пред да му истече казната, тој одигра само три натпревари, но сепак тоа не беше причина Енцо Беарзот да не го доведе на Светското првенство во Шпанија.
Како што тоа обично се случува со Италијанците, со три ремија едвај ја помина групата во која играа со Полска, Камерун и Перу, се извлекоа против Аргентина со 2:1 … и тогаш Роси експлодираше.
Најпрвин, во четврт финалето го сруши големиот Бразил со хет-трикот и победата од 3:2, па Полска, во полуфиналето, со двата постигнати гола во победата од 2:0 и на крајот, во финалето, Аргентина со еден постигнат гол во победата од 3-1 и освојувањето на светската круна.

Патот до трофејот…

- Реклама -