Новата алатка од компанијата Pantone е вистински дар за дизајнерите: сега тие можат брзо и лесно да ги измерат и споредат природните бои. Направата исто така овозможува да се искористат овие бои за одреден дизајн. Погледнете за што се работи.
Новата алатка од компанијата Pantone е вистински дар за дизајнерите: сега тие можат брзо и лесно да ги измерат и споредат природните бои. Направата исто така овозможува да се искористат овие бои за одреден дизајн.
Компанијата Pantone го објави својот најнов прозвод CAPSURE, направа која им дозволува на дизајнерите и другите професионалци да ја измерат и споредат секоја боја, од речиси секој материјал.
„CAPSURE претставува нов стандард за точноста и разновидноста на преносливите направи„ – вели Џовани Мара, маркентишкиот директор на Pantone.
Вистинската моќ на CAPSURE е неговата способност да ја измери бојата од секоја површина, вклучувајќи мали, шаблонски или повеќебојни текстури или текстили. Направата може лесно да ги спореди природните бои со повеќе од 8.000 PANTONE бои.