„20 години носење на овој свет дрес за мене беше чест и гордост. Среќен сум што вака ја завршив репрезентативна кариера со големо натпреварување“, изјави капитенот Горан Пандев по мечот со Холандија, кој беше и неговиот последен настап во боите на нацијата. Рече дека е возбуден и дека вечно ќе се сеќава на овие денови, заблагодарувајќи им на навивачите во цела Македонија.
Пандев потврди дека помладите ќе мора да продолжат без него. Нема простор за враќање, рече тој, прашан дали е можно да се премисли, потенцирајќи дека не може да игра а да не го дава максимумот, а дека тоа е претешко да го прави на два фронта на неговите (уште малку) 38 години. Во националниот тим, подвлече, има повеќе лидери и тој не се сомнева дека тие ќе нѐ однесат и на Светско првенство.
„Срцето ми е полно. Повеќе од ова големо натпреварување во светиот дрес, не може. Клупскиот фудбал е нешто друго, а кога играш пред Македонци, кои сите застанаа да нѐ гледаат, е нешто што не се опишува. Јас го дадов максимумот и време е за крај“, рече Пандев.