Горан Пандев вели дека Валтер Мацари никогаш не е задоволен од играта на Наполи бидејќи смета дека тие можат да бидат уште подобри.
Горан Пандев со нов гол му донесе бод на Наполи од тешкото гостување кај Милан на Сан Сиро.
По долгиот голгетерски пост, Горан Пандев полека им се враќа на погодоците, синоќа го реализираше својот петти гол оваа сезона во Серија А.
„Тренерот никогаш не е среќен, бидејќи можеме да бидеме уште подобри. Ни недостасува последниот чекор за да бидеме голем тим” – вели Пандев.
„Играме фантастичен фудбал и заслужуваме да бидеме на второто место зад Јувентус”.
„Малку го променивме нашиот стил на игра, сега сум поблиску до Единсон Кавани. Исто така сум и во подобра физичка форма и тешкиот период е зад мене”.
„Мора да го браниме второто место до крајот на сезоната. Важно беше да не загубиме на Сан Сиро”.
Натпреварот на Сан Сиро заврши без победник со резултат 1:1.
Текстот е објавен во соработка со 24Фудбал.