Пандев играч на колото во Италија (видео)

Најдобриот македонски репрезентативец Горан Пандев уште на првиот натпревар во дресот на Наполи од Калчо лигата, по издржувањето на казната во новата сезона, ја демонстрира извонредната форма во која игра летово.

Нашиот фудбалер е најзаслужниот за победата на Наполи од 3:1 на домашен терен против Парма во 3. коло од италијанскиот шампионат откако изнуди пенал, постигна гол и на крајот асистираше за учество во сите три погодоци на „Небесносините“.

Македонскиот репрезентативец најпрво уште во 2. минута од средбата изнуди пенал кој успешно го реализираше Кавани за водство од 1:0, а потоа на асистенција на Марек Хамшик успешно реализираше за водство од 2:0 во 39. минута постигнувајќи го својот прв погодок оваа сезона во дресот на „Наполитанците“. Гостите во 44. минута преку Пароло успеаја да го намалат резултатот на 2:1, но тоа беше сè од нив.

{youtube}GRCvDhdYc9c{/youtube}

Во второто полувреме, на сцена стапува Пандев кој му асистираше во 77. минута на нововлезениот Инсиње за конечен триумф од 3:1.

- Реклама -