Пандев со два гола ја потопи Брага (видео)

Најдобриот македонски фудбалер игра неверојатно во подготвителниот период за Наполи, серијата голови ја продолжи и синоќа на дуелот со португалскиот тим Брага.

Во првите дваесетина минути, Пандев како ураган помина пред голот на Брага и постигна два погодоци, од кои вториот посебно убав, откако се прошета низ целата противничка одбрана. Наполи славеше со 3:1, а стрелец на третиот гол беше Ѕунига.

{youtube}uhrd3BIumMY{/youtube}

- Реклама -