Во емотивна порака до сега екс-селекторот на македонската фудбалска репрезентација, екс-капитенот Горан Пандев уште еднаш опиша колкаво било значењето на Ангеловски за враќањето во живот и атмосферата во репрезентацијата која доведе до прв настап на Европско првенство.
„20 октомври 2015 година – прв пат кога се сретнавме, во вашите очи видов енергија, сигурност и голема желба да ја вратиш репрезентацијата во живот. Ги памтам твоите зборови кога ми рече дека ќе направите од репрезентацијата една голема фамилија и дека вашата цел е Македонија да се пласира на европско првенство.
Сите овие години не беше лесно, имаше и многу препреки, но ти гордо ја чуваше нашата фамилија.
ШЕФЕ, ‘благодарам’ е малку да ти кажам. Вие го сплотивте цел македонски народ, вие направивте да се сакаме како браќа во репрезентација и да гинеме еден за друг. Затоа сакам да ти кажам дека вечно ќе останеш во моето срце“, напиша Пандев на Инстаграм.
View this post on Instagram