„Дарко Панчев, Дарко Панчев….Црвена Звезда е шампион на Европа, Црвена Звезда е победник на Купот на европските шампиони . . .. “ Останатото е историја. Зборови кои секој навивач на Маракана ќе ги памети целиот свој живот, како и одлучувачкиот пенал на Македонецот со Олимпик од Марсеј.
После 28 години, прославениот ас на Ѕвезда одлучи жестоко да плука по УЕФА преку бугарските медиуми.
„Конкуренцијата беше многу силна и беше тешко за нашиот тим цело време да игра надвор од Белград. УЕФА тогаш едноставно не дозволи Ѕвезда да игра финале втора година по ред. Тоа би било „голем удар“ затоа што покажавме дека сме посилни од сè, и покрај сите нивни санкции и правни неправди“ изјави Панчев за бугарскиот Sportal.
Поранешниот напаѓач на Интер од Милан, смета дека е неправедно и тоа што во 1991 година „златна копачка“ не му беше доделена на играч на Ѕвезда кој го освои Европскиот куп на шампиони таа година.
„ Мислам дека е добро за најдобриот европски тим да го има најдобриот играч, кој исто така е и победник на златната копачка. За жал, тоа не се случи во 1991 година. Ова се должи и на високото влијание на француските медиуми врз УЕФА, но и со Адидас, со кого заеднички беше доделена наградата. Наместо Дејан Савичевиќ или јас, златната топка беше во рацете на Жан Пјер Папен. Неправедност“, категоричен е легендарниот „Кобра“.
Панчев исто така тврдеше дека УЕФА упатила силен удар кон југословенската репрезентација, што не дозволи да игра на Европското првенство.
Целата статија на ФАКТОР МАГАЗИН