Паметните телефони ќе изумрат за пет години?

Повеќето од нас секој слободен момент го поминуваат користејќи го својот смртфон, меѓутоа, тоа наскоро би можело да се промени.

Извештајот на телекомуникациските експерти сугерира дека паметните телефони би можеле да изумрат во наредните пет години.

Young Man Using Smartphone In Park At Sunset

Извештајот, кој опфатил анкетирање на 100 илјади луѓе во Шведска и 39 други земји, открил дека повеќето луѓе веруваат дека паметните телефони стануваат минато.

Сега вниманието се насочува на вештачката интелигенција, односно на помагачите без екран.

Многу ИТ експерти предвидуваат дека апаратите како Епл часовникот полека ќе започнат да ги заменуваат паметните телефони.

– Смартфонот в рака и не е толку практичен. На пример додека готвиме или возиме автомобил. Постои и голем број други ситуации во кои уредите со екрани не се покажале толку практични. Поради тоа се смета дека во рок од пет години паметните телефони ќе станат минато, изјавилa Ребека Ангсторм од „Ериксон“.

- Реклама -