Сатоши Каназаве и Норман Ли направија едно истражување во кое се фокусираа поврзаноста на интелигенцијата и дружбата. Резултатите покажуваат дека честите друштвени контакти негативно се одразуваат врз одредени поединци.
Во основата на среќата на модерниот човек се истите нешта кои им причинувале задоволство и на нашите предци, тврдат научниците, нарекувајќи го ова „теорија на саваната“. Во ловечко-колективните заедници, социјалната интеракција била од есенцијална важност за преживувањето, но исто така важен бил и просторот.
За да ја тестираат теоријата, научниците го анализирале задоволството од животот на испитаници од 18 до 28 години. Се фокусирале на два аспекта, кои, според нив, го раздвојуваат модерниот живот од оној на раниот човек – густината на население и фреквенцијата на гледање со пријателите.
Очекувано, луѓето во урбаните области биле понезадоволни од животот од оние кои живееле во малите градови. Кога станува збор за оној другиот аспект, нивото на среќа било повисоко кај оние кои почесто се дружеле со пријателите. Но, ситуацијата е обратна кога се работи за високо-интелигентните поединци – кај нив, почестите контакти носат и повеќе незадоволство.
Каназаве и Ли објаснуваат дека тоа се должи на јазот кој се јавува помеѓу тоа како сме еволуирале и брзината на модерниот живот. Тие сметаат дека луѓето што се попаметни од другите се поприлагодливи кон предизвиците на модерниот живот и полесно им е да ги искоренат однесувањата кои ги влечеме уште од предците. Нив им е полесно да одат напред и заради тоа не им пријаат честите контакти со пријателите.