Човечкиот мозок е чуден. Соочен со нови, несигурни ситуации тој речиси секогаш ја напушта внимателната анализа и се потпира на неколку трикови кои речиси секогаш водат до грешен одговор.
Очигледно попаметните луѓе се поподложни на правење на ваква грешка. Нова студија налага дека можете да бидете супер интелигентни и сепак да бидете збунети од едноставни проблеми поради одстапки од расудување познати како „когнитивна пристрасност“. За да дојдат до овој заклучок тим истражувачи од Универзитетот од Торонто на 482 студенти им дале прашалник со класични проблеми.
Прашањата биле во форма: „Палка и топче чинат долар и десет центи. Палката чини еден долар повеќе од топчето. Колку чини топчето?“ Ако брзавте вашиот одговор е дека топчето чини десет центи. Тоа е грешно, топчето чини пет. Ако погрешивте тоа е бидејќи вашиот мозок тргнал по покус пат кој изгледал логичен, но по патот ја напуштил математиката.
Ако мислите дека секој кој го згрешил одговорот на тоа прашање мора да е неверојатно глупав, тогаш би требало да знаете дека над 50 проценти од студенти од Харвард, Принстон и MIT одговориле грешно. Истражувачите го мереле и феноменот познат како „пристрасност на врзување“, но она што навистина ги интересирало е како овие феномени се поврзани со интелигенцијата.
Резултатите се вознемирувачки. Прво, свесноста за одредена пристрасност во размислување не помага. Истражувачите објаснуваат: „Луѓето кои знае дека се пристрасни не беа поспособни да ги надминат. А интелигенцијата само влошува сè. Тие објасниле дека „когнитивно пософистицираните учесници покажале поголема несвесност за пристрасност“. Всушност, тоа откритие било константно кај повеќе типови на пристрасност. [Why smart people are actually dumb]