Поголем дел од т.н. носечка технологија се уште е премногу обемна и не особено прифатлива, но компанијата MC10 Inc веќе развива производ кој е значително дискретен и лесен за употреба.
Biostamp или “биомарка” е паметна лепенка, која е потенка дури и од вистински медицински селотејп и има големина колку две поштенски марки. Таа може да се залепи за секој дел од телото и да следи важни здравствени индикатори како температура, срцев ритам и движење. Лепенката е целосно безопасна и може да се става дури на бебиња.
Собраните податоци се водат за безжичен пат до пациентот и неговиот лекар. Засега најпаметниот уред се уште е во концептуална фаза на развој, но според MC10 Inc кога ќе биде завршена, лепенката успешно ќе може да се користи во медицината како важен извор на податоци за пациентите. Во меѓувреме друга компанија со името Corventis пак работи на слична технологија која овозможува рано набљудување на симптоми на срцева аритмија.