Паметна чинија анализира сé што ќе изедете

Веќе технологијата е попаметна од нас.

Така имаме паметни телефони, часовници, ладилници, машни за перење. И нашите домови стануваат паметни. Но, може ли и чинијата да се приклучи кон оваа технолошка револуција?

Smartplate е еден од проектите на Kickstarter – паметна чинија која следи и анализира сé што ќе изедете од неа. Чинијата е опремена со камера која што препознава различни видови на храна, сензори кои ја мерат тежината, a потоа и даваат нутритивна вредност.

3f3c37685f14ab464fe4ffdd4090a3f8_original

Чинијата ќе биде во можност да нуди и препораки, во однос на тоа, што би требало или не би требало да јадете, зависно од вашите цели, а дури и ќе ве предупреди да успорите, доколку јадете премногу брзо.

Прочитајте и:  Храна која може да доведе до затнување на артериите

Постои и Андроид и ИОС апликација, која ја користи истата технологија, па ако јадете во ресторан, само фотографирајте го својот оброк и податоците за него ќе бидат додадени во базата.

1

Повеќе за овој проект можете да прочитате ТУКА.

 

- Реклама -