Оваа година паметните уреди што ги носиме станаа доста популарни, а технолошките гиганти се натпреваруваат кој прв ќе го претстави својот нов паметен часовник. Мала француска компанија неодамна ја претстави Cicret Bracelet – нараквица, која ја претвора раката во екран чуствителен на допир. Во последните денови видеото на смарт направата беше отворено 4 милиони пати на YouTube.
Уредот работи со мал вграден проектор и голем број на сензори за растојание. Системот на Cicret ги дефинира локацијата и движењето на прстите, претворајќи ја кожата на раката во екран чуствителен на допир. Според нејзините креатори, вие можете да работите со неа по начинот на кој што го правите тоа со вашиот смартфон или таблет – да ги прочитате вашите пораки, да одговорите на повик, да отворите карта, временска прогноза и многу други опции.
Cicret работи со верзија на Android, со тоа што може да биде поврзана со паметен телефон преку Bluetooth.
Корисниците ќе да можат користат Wi-Fi конекција, а нараквицата исто така има и MICR USB порт.
Компанијата има и Cicret App, програма за безбедност, која обезбедува анонимност и опции за криптирање на мобилните уреди.
Направата е сеуште во прототип фаза, со тоа што дизајнерскиот тим, кој стои зад неа, покренува средства преку сајтот Cicret . Од компанијата очекуваат таа да биде пуштена на пазарот за околу една и пол година, по цена од околу 400 долари.
Дали е оваа технологија остварлива и навистина применлива? Ако е така очекуваме поголемите компании да пројават интерес кон неа.