Се прослави по црвениот костим за капење, но по се изгледа дека Памела Андерсон, 46, сака да се бања топлес.
Актерката се смири со поранешниот сопруг Рик Саломон со кој е на одмор во Франција.
Но, тоа што се смири со него не е толку интересно колку нејзините топлес фотографии.
Поранешната ѕвезда на „Чувари на плажата“ се омажи пред 6 години со Рик во Лас Вегас, но бракот беше поништен само десет недели подоцна. Изгледа дека си дале втора шанса. Рик инаку е филмски продуцент кој своевремено се прослави со домашното видео што го сними со тогаш непознатата Парис Хилтон.