Славната Памела не може да стане од кревет. Како доказ објави фотографија на Твитер.
Убавицата Памела Андерсон истрча маратон во Њујорк долг 42 километри. За тоа и требале 6 часа, а потоа отишла дома, легнала во кревет од кој не може да стане од болки.
Памела ја истрча стазата на која не се одлучуваат ни професионалци, но вели дека не можела да се откаже затоа што трчала во хуманитарни цели. Фотографијата од кревет ја објави на Твитер. На маратонот се собирале пари за Хаити.