Ова палто ги вовлекува лошите мириси и дава чувство на свежина.
Текстилната компанија Ministry of Supply создала нов производ кој ќе остави чувство на свежина во текот на целиот ден, благодарение на уникатен материјал што ги абсорбира миризбите.
Наречено Aviator Jaket, тоа е изработено од специјален рециклиран полиестер, кој го задржува мирисот на свежина кај оној кој го носи, со тоа што ги апсорбира несаканите мириси предизвикани од топлината и влажност.
Ткивото е флексибилно и удобно за носење, а во исто време е и доста издржливо. Покрај филтерот против мириси, облеката има и водоотпорен слој.
Сакото веќе се продава за 248 долари, а првата серија од него буквално се потроши само за 3 дена во САД.